а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

товари

товарат; товарил
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Ранг: 5130
1. Стави, става товар на нешто.
Англиски: load Албански: ngarkoj
Примери:
Товари еден камион со зелка.
Додека тие ја товареа стоката, јас те чекав.
Ги зел пчелите и ги товарил на коњот.
2. Натрупа, трупа на некого работа, обврски, задачи, одговорности.
Англиски: burden Албански: akumuloj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Дедото го товарија да го издржува внукот.
3. Обвини некого за нешто.
Англиски: charge Албански: ngarkoj
Примери:
Обвинението го товари за измама.
4. (се товари) Се обвинува некој за нешто.
Англиски: charge Албански: ngarkoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Дојденецот се товари за кражба.
5. (се товари) се товари, се натоварува
Англиски: load, board Албански: ngarkoj
Примери:
Се товарија на бродот.